Утрешната тематска седница на Владата целосно посветена на младинските политики

Од:

Утре, со почеток во 11:30 часот, Владата на Република Македонија ќе одржи тематска седница посветена на младински политики кои Владата ги имплементира и ќе ги имплементира во иднина.

На оваа седница и претходеа серија на отворени координативни средби, организирани и координирани од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Владата на Република Македонија, кои преку средбите и широка јавна расправа, отворија простор за предлог политики на младинските организации.

На седницата, покрај младинските политики кои ги имплементира Владата, заедно со претставници на младинските организации, ќе ги разгледуваат доставените, предлог – политики, посветени на унапредување и подобрување на животот на младите во земјава.

По завршувањето на седницата, премиерот Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција, со почеток во 14:30 часот, во Медиа центарот во Владата на Република Македонија.

Ве покануваме да ја проследите најавената прес-конференција.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски