Мицкоски: Ахмети турка еднонационална агенда

Од:

Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека ВМРО-ДПМНЕ не стои зад протестите за Законот за јазици.

Одговорајќи на новинарско прашање, не откри кога ќе почнат протестите што ги најавува неговата партија.

Мицкоски во изјавата на Али Ахмети дека Законот за јазици ќе биде донесен со или без потпис на претседателот Ѓорге Иванов, препознава форсирање еднонационална агенда, а не реформи кои би биле во интерес на сите граѓани.

– Тоа е став на Ахмети кој и натаму им пркоси на законите и Уставот. Се гледа дека еднонационалната агенда е негов приоритет. Не се приоритет реформите кои ќе значат квалитет во животот на сите граѓани. Продолжува со насилничкото однесување, продолжува да ја наплаќа концесијата што Зоран Заев ја има кон него, а тоа е резултат на ова десетмесечно катастрофално владеење, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, јавноста е згрозена од чинот што се случи во средата на собраниската седница.

– Со девијантно и насилничко однесување, во Собранието не беше испочитувана волјата на најмалку 450.000 гласачи, оцени Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Масовно и обединето да дадеме поддршка за Лабудовиќ и Ѓорѓиевски

Мицкоски: Карпошани на овие избори избрале да не поддржат човек кој е на црната листа на стратешкиот партнер САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Со Орце Ѓорѓиевски, Скопје ќе има предвидливост и извршување на обврските, порача Мицкоски

Мицкоски: Државава во изминатите година и пол е консолидирана по распадот и пустошот во која беше затекната при преземањето на власта

Левица: Зошто Мицкоски молчи за криминалот на универзитетот на Мерко?!