Искршени стакла на влезот од седиштето на СДСМ Гостивар

Од:

Непознати сторители со камења и бекатонски плочки ги искршиле стаклата од влезот на партиското седиште на СДСМ во Гостивар.

Според СВР Тетово, до оштетувањата на изложните стакла, на седиштето на Општинската организација на СДСМ Гостивар кое се наоѓа на првиот кат во ТЦ „Јавор“ на улицата „Илинденска“, дошло утрово во околу еден часот и 30 минути. Непознати лица со фрлање камења и бекатонски плочки искршиле три стакла со димензии 130 х 200 сантиметри.

Увидна екипа на гостиварската полициска станица го документирала оштетувањето, а веќе се работи на откривање на сторителите и расветлување на мотивите за ваквиот чин.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар