Најмалку осум лица се повредени, од кои двајца потешко, откако се расипа жичницата во грузискиот скијачки центар Гудаури.
Жичницата одненадеж двојно ја зголемила брзината, поради што голем број на скијачки кои што се наоѓаа во моментот на неа започнаа да паѓаат.
Помеѓу посериозно повредените е и една трудна Швеѓанка, која се здобила со повреди на вратот. Таа е хоспитализирана во локална болница.
Грузискиот министер за здравје рече дека повредените ќе бидат префрлени во болница во Тбилиси за понатамошно лечење.
Причината за инцидентот не е позната, но се шпекулира дека проблемот бил во напонот за електрична енергија или во кочниците.
Изминативе години скијалиштата во Грузија добиваат на популарност, пред се поради релативно ниските цени во земјата.