Вчерашниот обид на дописникот на МИА од Брисел да му стави во уста став на американскиот дипломат Филип Рикер дека е разочаран од некои балкански лидери и притоа дека мислел на Црвенковски и однесувањето на македонската опозиција, денеска и покрај инсистирањето на Либертас, останаа без официјален став, пишува порталот.
Првиот човек на МИА, директор и главен уредник, Љупчо Јакимоски, за Либертас рекол дека одговорноста за веста е кај новинарот, а на прашањето дали ќе биде новинарот санкциониран, бидејќи сепак го плаќаат граѓаните од нивните пари и дека се работи за државен а не приватен медиум, Јакимовски ветил дека ќе види за што се работи па ќе се јави.
Од прес службата на амбасадорот Волерс рекле дека изјавата на високиот американски дипломат дадена вчера за Либертас кажува се и дека нема што повеќе да додаде на тоа.
Вчера редакцијата на Либертас контактираше со Филип Рикер и тој целосно бил изненаден од погрешната интерпретација и извртување на неговата изјава и потенцираше дека со изјавата не алудирал на Црвенковски.
– Не мислев на господинот Црвенковски. Не се сеќавам дека некој од МИА или било кој македонски новинар присуствуваше на брифингот во Брисел. Алудирав на балканските лидери кои не ги придвижуваат своите земји напред. – изјави Рикер.