Долгот на кичевските училишта е преполовен

Од:

Долгот на општина Кичево во сферата на образованието од година во година се намалува, беше контстатирано на шестата по ред седница на Советот на општината, на која беше усвоена и завршната сметка за минатата година.

Раководителот на финансискиот сектор во општинската администрација Бурим Кадриу рече дека долгот во образованието не само што е намален, туку во некои училишта е сведен на нула односно некои училишта повеќе немаат никакви долгови.

Тој за споредба рече дека во 2013 година „кога ние како нова администрација предводена од Фатмир Дехари ја презедовме одговорноста за да раководиме со општина Кичево наследивме вкупен долг во образованието од 94.510.724 денари, односно околу 1. 550.000 евра“.

Рече дека денеска по четири години долгот изнесува 42.478.104 денари или околу 700.000 евра, што значи долгот е намален за 52.032.620 денари или околу 850.000 евра.

– Се разбира ова се должи пред се на домаќинското работење со парите наменети за образованието и добрата соработка на релација директори на училишта и општинската администрација.Овој тренд се надеваме дека ќе продолжи и во иднина, посочи Кадриу.

Инаку завршната сметка на општината беше усвојена без никакви забелешки од Советот речиси едногласно, што значи без ниту еден глас против, при што 18 гласаа „за“ и пет беа „воздржани“ од вкупно 23 советници колку што брои Советот на општината во Кичево.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка