ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Џафери режираа разочарувачки ден во Собранието, доведувајќи ја во прашање препораката

Од:

„Зоран Заев и Талат Џафери режираа разочарувачки ден во Собранието, доведувајќи ја во прашање препораката за отпочнување на преговори за ЕУ. Ова е реакција на Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние во врска со насилничкото и недемократско носење на штетниот закон за двојазичност.

СДСМ го погази деловникот за работа на Собранието. Владеачкото мнозинство ја спречи амандманската расправа и насилно го прогласи неуставниот закон за двојазичност за изгласан.

СДСМ ја обезвредни улогата на Собранието и пратениците и на сила истурка закон без да го испочитува правото на пратениците со амандмани да интервенираат во истиот.

Законот ваков каков што насилно го истурка власта е неуставен, неприменлив и штетен. За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот закон е неприфатлив.

Насилното гласање е одлика на недостатокот на демократски капацитет на оваа власт. СДСМ покажа дека не знае да менаџира со државата за доброто на граѓаните. СДСМ во изминатава година демонстрираше насилие, незнаење, расипништво и злоупотреба на законите и институциите.

Законите и институциите беа злоупотребени за пресметка со политичките неистомисленици на власта. Правосудните органи ги заборавија Уставот и законите и се ставија во служба на СДСМ, неосновано ставајќи во притвор десетина патриоти.

СДСМ мисли дека со сила ќе ја води државата, а со затворање на секој слободомислечки граѓанин ќе успее да влее страв кај граѓаните и кај ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ мора да знае дека се прочитани, граѓаните јасно го гледаат антидржавното сценарио и нема да се исплашат од Заев и неговите игри.

Граѓаните сакаат демократија и систем на почитување на законите. Граѓаните ќе му стават крај на ова безредие и насилие. СДСМ и сите извршители на нивните нелегални дејанија ќе сносат одговорност за своите постапки и дејствија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Ќе се залагам за градење и одржување силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери

A1on

Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20 или 22 јуни

A1on

Во вторник во Собрание ќе биде доставен составот на новата влада

Течат роковите за формирање на новата влада која ќе има 20 министерства

Мицкоски мандатар за состав на влада

Мицкоски го добива мандатот, ќе формира влада во нов формат