СДСМ: Иванов не е над Уставот и нема да успее да внесе нови поделби, Македонија е едно општество за сите

Од:

„Наместо да го осуди насилството што се случи во Собранието Ѓорѓе Иванов продолжува со неговите политики на поделби, раздор и конфликт.

Со најавите дека нема да го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците, Ѓорге Иванов се обидува да се стави над Уставот на Република Македонија и делува како остаток на поразениот режим.

Иванов е должен да постапува по членот 75 од Уставот на Република Македонија во кој е јасно наведено дека доколку претседателот не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.

Иванов е на должност пред граѓаните и законите, а не пред партијата. Со непотпишување на Указот, Иванов го крши Уставот на Република Македонија и работи спротивно на европските вредности и концептот Едно општество за сите, што беше силно поддржан од граѓаните на последните изборни циклуси.

Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години и со неговото усвојување не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите.

Иванов не е над Уставот и нема да успее да внесе нови поделби, Македонија е едно општество за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните не се чуствуваат безбедни, Тошковски мора да си оди

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Цела јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски ги поддржува насилниците

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ