Османи на средба за подготовка на заедничка владина седница со Косово

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на координатор на македонската Влада за организација на заедничката владина седница со Косово, денеска ќе оствари средба со заменик претседателот на Владата на Република Косово, Енвер Хоџај.

Средбата, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, е во насока на подготовка за претстојната заедничка владина седница на двете земји, на која се очекува да се потпишат повеќе договори за меѓусебна соработка, како и да се донесат повеќе одлуки околу иницијативи за проектите од интерес на двете земји.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски