Концерт „Made in Macedonia“ на Македонската филхармонија

Од:

„Made in Macedonia“ е насловен концертот што вечер ќе го одржи Македонската филхармонија.

Како солист ќе се претстави еден од најдобрите македонски кларинетисти, Здравко Ангелов, прв кларинетист во Македонската филхармонија, кој ќе го изведе концертот за кларинет и оркестар бр. 1 од Лудвиг Шпор.

Диригент на концертот е маестро Борјан Цанев, а на програмата се и делото „Лет“ од австралискиот композитор со македонско потекло, Мајкл Бакрнчев, како и познатата Симфонија бр. 41 „Јупитер“ од музичкиот гениј Моцарт.

Ангелов е еден од најистакнатите македонски кларинетисти. Во текот на својата досегашна музичка кариера се стекнал со бројни признанија и награди. Настапува како солист со симфониски оркестри во нашата држава и надвор од неа, но и како камерен музичар, а воедно е постојан член на камерниот ансамбл „Консонанс“. Учесник е на значајни фестивали. Настапувал под палката на исклучителни диригенти како што се Даниел Рајскин, Урош Лајовиц, Јерухам Шаровски, Владимир Ашкенази, Јануш Пшибилски, Антон Нанут, Пол Меер, Емил Табаков, Борјан Цанев, Саша Николовски–Ѓумар…

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска