Централната банка на Унгарија ќе врати три тони злато од Лондон

Од:

Централната банка на Унгарија најави дека ќе врати во земјата 100.000 унци или три тони злато од Лондон.

Одлуката за враќање на резервите на злато, во вкупна вредност од околу 33 милијарди унгарски форинти (130 милиони долари) е образложена како потег од безбедносни причини, во случај на потенцијална геополитичка криза.

Исто така, одлуката е согласно меѓународните трендови, бидејќи моментално централните банки ги полнат своите резерви на злато, вклучувајќи ги австриската, германската и холандската.

Централната банка на Унгарија ги чува златните резерви од основањето во 1924 година. Количеството на злато континуирано се зголемувало до Втората светска војна. Најголемо количество имало на почетокот на 70-те години, околу 65 до 70 тони. Банката тогаш одлучила да ги намали резервите на злато на најниско можно ниво.

САД и Германија се најголеми светски „чувари“ на злато. Унгарија има речиси најмало количество од овој благороден метал во споредба со останатите земји од средна Европа.

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца