Неколку руски воени бродови од Црноморската флота се подготвени за да испловат за сирискиото пристаниште Тартус, со цел зачувување на безбедносната логистиката точка на руската морнарица.
„Со оглед на фактот дека Медитеранот е област на одговорност во нашата Црноморска флота, реално е дека во случај на потреба, нашите бродови ќе тргнат во извршувањето на задачите кои треба да ја гарантираат безбедноста на контролниот пункт на логистиката на Руската морнарица во пристаништето Tартус , кој ние го изнајмуваме од Сирија“, објави агенцијата „Итар Тас “.
Според истиот извор од Генералштабот, целосно подготвени неколку воени бродови на Црноморската флота , вклучувајќи и големи десантни бродови со морнаричка пешадија.
Соговорникот на руската агенција, ги негираше информациите од страна на некои американски медиуми дека еден воен брод од Црноморската флота веќе тргнал кон Тартус.
„Сите наши бродови се во Севастопол, освен големиот десантен брод „Цезар Куников“ кој е на пат од Медитеранот до Црното Море, и по престојот во италијанското пристаниште Месина, во саботата пристигнува во Севастопол“, изјави извор од Генералштабот и рече дека „американските разузнавачи или лошо работат или не знаат географија“.
Во Тартус е единствената руска база надвор од територијата на поранешниот Советски Сојуз и единствено пристаниште во Средоземјето, и е основана во 1971 година врз база на договорот меѓу СССР и Сирија.
Ставовите на Москва и Вашингтон по повод Сирија се контрадикторни, и најновата комуникација меѓу двете земји беше меѓусебна размена на обвиненија и дем анти.
Министерството за надворешни работи на Русија денес , официјално ги негираше тврдењата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон дека Москва им испорачува на сириските власти борбени хеликоптери, а Вашингтон претходно ги отфрли тврдењата дека ги снабдува со оружје сириските бунтовници
Официјална Москва соопшти дека Русија не го штити Асад и дека неговиот режим направи многу грешки, но и дека Москва се спротивставува на насилна смена на власта во Сирија.