Предлог-законот за високото образование оди во Собрание

Од:

Владата го разгледа и утврди Предлог-законот за високото образование и донесе одлука по усогласување на одредени членови, да биде пуштен во собраниска процедура до негово усвојување.

Со овој закон се уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високообразовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите, како и признавањето на странските високообразовни квалификации и надзорот над работата на високообразовните установи.

На денешната седница, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со одговорот на Министерството за транспорт и врски до Европската Комисија за шемата на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници кои го користат аеродромот во Скопје.

Во однос на постапката за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници, Комисијата за заштита на конкуренцијата се произнесе дека во овој случај Министерството за транспорт и врски се однесува како инвеститор во пазарна економија, и дека финансиската поддршка на домашните и странските авиопревозници е целосно усогласено со соодветното европско законодавство. Во одговорот до ЕК се наведува дека на долг рок ова субвенционирање генерира позитивен ефект и придонесува за остварувње на поволен финансиски резултат и зголемување на БДП на земјата.

Владата денеска го прифати предлогот на Министерството за надворешни работи за потпишување Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина за заемно укинување на визите за државјаните на двете земји, како и предлогот за поведување на постапка за водење на преговори за потпишување на Спогодба за еднострано времено укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на Република Украина, Руската Федерација, Азербејџан и Казахстан.

Владата го разгледа конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи за 2016 година на јавна здравствена установа Универзитетска клиника за токсикологија, со
препорака оваа установа да изработи Акционен план за имплементација на дадените препораки, а Министерството за здравство да го следи и олесни процесот на имплементација на дадените препораки.

Истовремено, заклучок на владата е Министерството за здравство да процени дали е потребно Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2016 година на јавна здравствена установа Универзитетска клиника за токсикологија, Скопје, да се достави до Јавното обвинителство на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски