Ограбен магацинот на Усје

Од:

Тешка кражба била извршена од магацинот на Цементарница Усје во Скопје. Според полицијата, од страна на Цементарницата било пријавено дека во периодот од 1 јануари до 8 март годинава во фабриката била извршена тешка кражба на резервни делови кои се користеле во процесот на производство.

Кражбата била извршена во магацинот кој се наоѓал во кругот на фабриката, при што се одземени 55 парчиња РОСТ плочи и 35 парчиња надворешен излезен сегмент за печка со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 850.000 денари. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он