Бранителката на титулата на Австралија опен, Белорусинката Викторија Азренка, се пласира во 3. коло на турнирот откако со 6:1, 6:0 ја совлада Елени Данилиду.
„Се чувствував подбро, бидејќи бев подготвена за големата горештина што ме очекува на теренот. Во добра форма сум и се надевам дека ќе играм добро до крајот на турнирот“, изјави Азаренка.
Убедлива победа забележа и Американката Серена Вилијамс, која славеше во дуелот со Гарбин Мугуруза со 6:2, 6:0, додека 42 – годишната ветернака од Јапонија Кимико Дате Крум од турнирот ја елиминира Израелката Шакар Пир со 6:2, 7:5.
Во машка конкуренција Енди Мареј во три сета славеше над Жао Соуза со 6:2, 6:2, 6:4, а во три сета победазабележа и Французинот Жо Вилфред Цонга над Џо Соеда со 6:3, 7:6, 6:3.