Левица: Платите на т.н. потпретседатели на Владата усогласени со уставните одредби

Од:

„Деновиве Уставниот суд на РМ ја извести јавноста дека, по однос на иницијативата поднесена од Левица, донесе одлука со која се укинува членот 14 во делот: „потпретседател на Владата“ од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката.

Со оваа одлука на Уставниот суд платите на т.н. потпретседатели на Владата се усогласени со уставните одредби и наместо нивната висина да се утврдува по коефициент 4,00 од просечната плата, таа ќе се утврдува по коефициент 3,70, како и за останатите министри. На овој начин од Буџетот на РМ ќе се заштедат околу 10.000 евра годишно.

Цели 27 години т.н. потпретседатели на Владата и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, и од ДУИ и ДПА, иако беа свесни дека Уставот на РМ не ја познава функцијата потпретседател на Владата, молчеа околу ова и не бараа промена на одредбите на соодветниот закон. Зашто, без разлика колку е мала разликата во платата, тоа одеше во нивна корист.

Левица е категорично против политиките на осиромашување на обичниот народ што ги спроведуваат политичките елити на власт и против нивното расфрлање со народните пари. Народот нема да беше толку сиромашен ако го немаше ова расфрлање и ако политиките се водеа во насока на намалување, а не зголемување на сиромаштијата. Левица ја поздравува одлуката на Уставниот суд и ќе продолжи да се бори за интересите на работниците, сиромашните и обесправените и против злоупотребите и привилегиите на елитите на власт.

Целиот текст на Одлуката на Уставниот суд може да го прочитате на следниот линк: http://www.ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf/ffc0feee91d7bd9ac1256d280038c474/5b11324a145bd133c125824a0035afd2?OpenDocument

Ја информираме јавноста и дека во постапка пред Уставниот суд е уште една иницијатива поднесена од Левица, со која се оспорува уставноста на т.н. нормиран учинок во Законот за минимална плата, а преку кој властодршците сакаат да им овозможат на газдите уште еден начин за заобиколување на исплатата на минималната плата“ се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апасиев алармира: Под превезот „работно ангажирање” се легализира експлоатацијата

Левица: Таравари не може да бега од одговорност за затворената Кардиохирургија

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

Левица: Затворена кардиохирургија без да обезбеди алтернатива – оставка на Таравари!

Апасиев: Тошковски е бескрупулозен министер, кој е познат како „адвокат на урбаната мафија”

Левица: Пајазити исполнува два од два основи за разрешување – Судски совет одлучи да остане судија