Алеш Пипан е нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Од:

Алеш Пипан, словенечкиот стручњак и тренер на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром постигна договор со Македонската кошаркарска федерација (МКФ) да биде нов селектор на машката македонска репрезентација, соопштуваат од МКФ.

Пипан ќе ја предводи машката репрезентација на Европското првенство кое во септември годинава ќе се игра во Словенија.

Словенецот на селекторската позиција го наследува Марјан Лазовски кој го водеше македонскиот состав на Олимписките квалификации во Венецуела.

Пипан до неодамна беше селектор на репрезентацијата на Полска, со која настапи на Евробаскетот 2011 година, а порано во кариерата, покрај клупските ангажмани, работеше и како селектор на Словенија, настапувајќи на Европските првенства во 2005 и 2007 година, како и на Светското првенство во 2006 година.

Од МКФ најавија прес-конференција која ќе се одржи во текот на наредната седмица на која Алеш Пипан официјално ќе биде презентиран како нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, а презентирана ќе биде и деталната програма за подготовките и настапот на Евробаскетот 2013 година.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ