Во Куманово денеска ќе се одржи трибина на која ќе бидат презентирани можностите за компаниите што ги нуди владиниот План за економски раст.
Пред стопанствениците ќе зборуваат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и министерот за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.
На трибината ќе присуствуваат стопанственици од Куманово и кумановскиот регион.