Во Кичево денеска имаше хуманитарен базар кој се организира по повод 8. март.
На градскиот плоштад беа изложени рачни изработени творби од страна на волонтерите на општинскиот Црвен Крст на Кичево.
Акцијата е во рамки на „Акцијата на Црвен Крст за презентација на хумани вредности“, програма на ЦК, која се се имплементира од јануари до мај и овозможува бенефит на заедницата.
Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели рече преставникот на Црвениот Крст во Кичево Ивана Лазеска.
И во иднина во општинската организација на Црвениот Крст во Кичево се планирани и други вакви хуманитарни акции од страна на волонтерите на ова хуманитарна организација.