Стејт департментот објави дека нуди награда од пет милиони долари за информација за лидерот на пакистанските талибанци мула Фазлула.
Во истото соопштение се нуди и награда од по три милиони долари за информација за Абдул Воли, висок претставник на група блиска на талибанците, и за Мангал Багу лидер на група милитанти кои се во сојуз со пакистански талибанци обвинети за напади врз конвои на НАТО.
Стејт департментот нагласува дека наградите ги нуди за тројцата милитанти бидејќи се закана за Пакистан како и за силите на коалицијата предводена од САД во Авганистан. Вали е лидер на групата Џамат ул-Ахрар блиско поврзана со талибанците и напаѓаат цивили од верските малцинства, војници и полицајци и убиле двајца службеници од Конзулатот на САД во Пешавар во 2016 година. Мандал Баг е лидер на Лашкар и-Ислам кои се вмешани во трговија со дрога и напади врз конвои на НАТО меѓу Авганистан и пакистанскиот пристаништен град Карачи.