Министрите за внатрешни работи од Европската Унија денеска на средба во Брисел ги разгледуваат прашањата за соработка со Западен Балкан во областа на безбедноста и миграцијата.
Еврокомесарот Димитрис Аврамопулос оцени дека таа соработка е добредојдена.
– Прашањата за безбедност и миграција се важни за нашата соработка со Западен балкан. Нашата соработка ќе помогне да се отворат вратите за земјите од Западен Балкан да се приближат кон ЕУ, изјави еврокомесарот за внатрешни работи и миграција непосредно пред состанокот.
Средбата на Советот на ЕУ, под бугарско претседавање, се одржува денеска и утре во Брисел.