Реџепи: Нема автономија за северот на Косово

Од:

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи ја отфрли можноста северот на Косово да добие автономија, оценувајќи дека за решавањето на прашањето за односот меѓу Белград и Приштина може да се примени моделот од договорт меѓу двете Германии.

Во интервју за виенскиот весник „Пресе“, Реџепи рече дека не е точно дека во новата рунда од дијалогот ќе стане збор за автономија на севрот на Косово, пренесува Танјуг.

-Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави дека отцепувањето на северот на Косово ќе биде најдобро решение, но тоа не е реално, порача Реџепи укажувајќи дека меѓународната заедница јасно кажа дека поделбата на Косово не е решение.

Постојат шпекулации во Србија дека северот на Косово треба да добие специјален статус, нешто како територијална автономија, но и за тоа Приштина вели „не“, наведува Реџепи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина