На Отвореното тениско првенство „Австралија Опен“ синоќа беше избегната голема трагедија. Словенечкиот тенисер Блаж Кавчич по петчасовниот дуел против Џејмс Дакворт, колабрира во соблекувалната поради големата исцрпеност.
Само брзата реакција на медицинската екипа придонесе да се спаси животот на Кавчич на кого во тие моменти почнале да му се грчат мускулите.
Како што јавуваат медиумите од Австралија, состојбата се словенечкиот тенисер денеска е подобрена, но под знак прашалник е неговиот настап во следното коло на првиот годинешен Грен Слем.
Инаку, Кавчич успеа да победи на натпреварот против Дакворт со 3:2 во сетови (3:6, 6:3, 6:4, 6:7, 10:8).
Покрај маратонскиот меч причина за големата исцрпеност на Кавчич се и високите температури на австарлискиот континент кои деновиве достигнуваат и преку 40 степени.