Реформите на Министерството за правда согласно планот 3-6-9

Од:

Денеска во просториите на Владата на Република Македонија се оствари средба меѓу амбасадорите на ЕУ и високите претставници на Владата на Република Македонија.

Динамиката на активностите предвидени во планот 3-6-9 беше централната тема на дискусиите на учесниците. Дел од панел дискусијата беше и министерот за правда, Билен Салији, како раководител на една од најчувствителните владини институции и на важните процеси за евро – интеграцијата на земјата.

Во својот говор, министерот Салији, меѓу другото, изјави дека: „Една од клучните реформи на која посветено работевме изминатиот период е Стратегијата за реформа на правосудниот сектор со Акциски план за 2017-2022, во која се инкорпорирани мерки и активности за воспоставување на независен, кредибилен и професионален правосуден систем во Република Македонија. Стратегијата, како сеопфатен и детален документ, преставува патоказ по кој ќе се движат реформите во правосудниот сектор.

Принципите на кои се заснова Стратегијата, се независност и непристрасност, особено по однос на изборот, оценувањето и разрешувањето на судиите и јавните обвинители, врз основа на објективни и мерливи критериуми, самостоен и одржлив судски буџет, подобрување на условите за работа на судиите и судските службеници, елиминација на можноста за злоупотреба при електронската распределба на судски предмети”.

Тој, исто така ја изрази својата решителност да се продолжи со работата во согласност со препораките на Европската комисија, Венецијанската комисијата и ГРЕКО, како и на препораките на Групата на високи експерти за владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези