Вељаноски се сретна со професор Ванковска, јавен заговарач за РЕКОМ

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска се сретна со професор Билјана Ванковска, јавен заговарач за РЕКОМ.

На средбата во Собранието на Република Македонија, Вељаноски беше запознат со суштината, целта и досегашниот тек на регионалната иницијатива за помирување и формирање на Комисија за утврдување на фактите за воените злосторства на територијата на поранешна Југославија од 1991-2001 година.

– Особено беше потенцирана широката поддршка за Иницијативата која во повеќе наврати ја дадоа токму граѓаните на Република Македонија, во вид на петиции и други јавни манифестации. Ванковска го информираше Претседателот на Собранието и за генерално позитивниот став на сите нејзини досегашни соговорници во Република Македонија, меѓу кои и пратеници од различни пратенички групи. Таа побара поактивно вклучување на највисокото претставничко тело во овој процес, најнапред преку поблиско запознавање на пратениците со суштината на иницијативата за формирање на РЕКОМ, како и со улогата на националните парламенти во ратификацијата на Статутот на РЕКОМ, кога за тоа ќе созреат сите политички и правни услови, соопшти Кабинетот на претседателoт на Собранието.

Вељаноски, се потенцира во соопштението, изразил недвосмислена поддршка за активностите на Коалицијата за РЕКОМ, потенцирајќи го значењето на соочувањето со конфликтното минато и помирувањето, како услов за воспоставување на траен мир во земјата и во регионот.

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата