Поплавен дел од Мала Речица

Од:

По поплавувањето на голем дел на селата во општина Јегуновце денеска поплавен е и дел од Мала Речица.

Надојдената вода од вчерашните дождови го поплави горниот дел на Мала Речица по што беше оштетен патот во селото, а поплавена е и улицата „172“ и затнати се сите канали за атмосферска канализација во ово место.

Селаните тврдат дека општината нема интервенирано ништо од пред три години и бараат брза реакција бидејќи топењето на снегот ги става во ризик нивните куќи.

Надојдената вода оштети и голем дел од нивите кои по повлекувањето на водата останаа со кал и камења.

Од друга страна, Исен Демири од општина Тетово за МИА изјави дека она што можеле да го направат како општина е да го регулираат каналот за секојдневни води и оти немаат капацитет сами да се справат со поплавите.

– За целосно регулирање на проблемот со водите од поплавите постои Акционен план од страна на Владата и жителите ќе мораат да чекаат за реализација на тој план. Општината нема капацитет да се справи сама со поплавите, изјави Демири.

Дождот предизвика и лизгање на земјиштето на патот Тетово – Бања во делот на Горна Чаршија поради што на поголемиот дел од патот сообраќајот се одвива по една лента.

Би можело да ве интересира

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани