Два автомобили-бомби експлодираа изутринава во близина на Дуџаил, на 80 километри северно од Багдад, при што загинаа најмалку 11 шиитски верници, а ранети се 60.
Жртвите патувале на аџилак во градот Самара.
Претходно денеска друг автомобил бомба уби четворица шиитски верници, кои се упатиле кон свети места во јужниот дел на Ирак.