Денеска во просториите на Министерството за правда, министерот Билен Салији на службена средба ја пречека делегацијата од Република Казахстан.
Тема на средбата беше разгледувањето на Договорот за екстрадиција на осудените лица, кој треба да се потпишува набргу меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Казахстан.
Делегацијата од Казахстан по средбата со министерот Салији, ќе продолжи со работа со работната група на Министерството за правда, за да се изврши една детална анализа во однос на законските процедури кои ги опфаќа екстрадицијата.
Меѓу другото ќе се преговара во однос на Нацрт-договорите за Трансфер на осудените лица и Договорот за меѓународна правна помош во кривичната материја.
По завршувањето на преговорите, следи постапка за потпишување на наведените договори од двете страни, во најкус временски период.