Групата засегнати страни за прекуграничниот регион „Шара“ денеска ќе одржи состанок во Призрен, Косово. Состанокот се одржува во рамките на проектот финансиран од Европската Унија – „Регионална соработка и вмрежување во полето на земјоделството, руралниот и економскиот развој во прекуграничните региони”, имплементиран од Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој во Југоисточна Европа – SWG.
Претставниците од јавните институции, бизнис секторот, невладини организации и другите чинители од Македонија, Албанија и Косово ќе имаат можност да дискутираат на различни теми и проектни идеи кои ќе придонесат за интегриран економски развој на прекуграничниот регион “Шара”.
Проектот се стреми да придонесе кон избалансиран социо-економски развој на руралните области во насочените прекугранични региони на Западен Балкан, преку ефикасна регионална прекугранична соработка и зајакнување на регионалните капацитети за економска диверзификација во руралните средини.
SWG e меѓународна меѓувладина организација составена од владините институции одговорни за рурален развој во соодветните земји и територии од Југоисточна Европа. ABDA методологијата – пристап базиран на развој на територија (ABDA) преставува иновативен и инклузивен методолошки пристап кој овозможува одржлив развој на руралните прекугранични подрачја во Западен Балкан кои се карактеризираат со специфични развојни проблеми.