Влада: Непочитувањето на авторските права ќе се реши со новиот Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Од:

Владата со писмена реакција одговори на соопштението на Асоцијацијата на кабелските оператори – АКО и Стопанската интересна заедница на кабелска мрежа МК НЕТ – Скопје.

„Министерот Роберт Поповски задолжен за комуникации, отчетност и транспарентнот говорејќи општо за почитување на авторските права како проблем кој засега многу заинтересирани чинители и граѓани, укажа дека овој и сите други напластени проблеми од сферата на медиумите и медиумската заедница ќе бидат надминати со донесувањето на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во своето обраќање на јавната дискусија „Агенда за транспарентност на Влада на РМ“, министерот Поповски јасно нагласи дека почитувањето на авторските права ќе важи подеднакво, како за домашните, така и за меѓународните субјекти. И, дополнително дека владата во однос на ова прашање се води од почитување на правото и правната држава, како и на слободата и демократските принципи.

Во врска со формулациите во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои што се однесуваат на почитување на авторските права, министерот Поповски истакна дека владата е подготвена и отворена за дијалог и решение што нема да ја смени суштината на законските одредби и во насока на доследно почитување на авторските и сродните права во Република Македонија.

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, во текот на неговото излагање на јавнта дискусија говореше генерално за непочитување на авторските права во Република Македонија и не посочи конкретно ниту еден субјект или организација“ се вели во соопштението на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски