Охридското Езеро исфрли големо количество отпад, вонредни акции за чистење

Од:

Обилните врнежи од дожд и покачената температура доведоа до интензивно топење на снегот и зголемен водостој на реките од охридското сливно подрачје, што предизвика исфрлање на големо количество тиња, трска и цврст отпад на брегот на Охридското Езеро.

Екипи на „Охридски комуналец“ викендот спроведоа вонредни активности за собирање и транспорт на исфрлениот отпад на Кејот на езерото во градот при што се отстранети големи количества трска, но и тешко разградлив цврст отпад како пластична амбалажа, најлонски кеси и картон.

Временските прилики и ветерот придонесува на површина на езерото да исплива се она што луѓето од негрижа го фрлале во реките и во езерото, така што од јавното претпријатие најавуваат дека активностите за чистење на брегот ќе продолжат и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Го фрли крстот, па откако го верниците го фатија, влезе во езерото: Црногорски свештеник хит на социјалните мрежи

А1он

Во вештачкото езеро Глажња пронајдено телото на 29-годишниот локален жител

Четврти ден се трага по исчезнатиот во езерото Глажња

(ВИДЕО) Шишиња од пиво пловат покрај кејот во Охридското езеро

Жарко Настоски

Нивото на Дрим четири пати пониско од просекот

Ана Ололовска

Работна средба за реализација на прекуграничниот проект „Дримски басен“

Ана Ололовска