Во Делчево и Македонска Каменица зголемен интерес за згрижување деца во градинките и во сабота

Од:

Се зголемува интересот кај родителите за згрижување на децата во детските градинки секоја прва сабота во месецот во Делчево и Македонска Каменица. Последниов месец повеќе од двојно се зголеми бројот на дечињата кои се згрижуваат секоја прва сабота во месецот во детските градинки, а како што истакна директорката на ОЈУГД „Весели цветови“ од Делчево, Билјана Симовска, од септември од кога МТСП ја даде можноста да се работи секоја прва сабота, бројот на децата постојано се зголемува.

– Ние согласно препораките на МТСП ги извесуваме редовно родителите за можноста дечињата да се згрижуваат и секоја прва сабота, како и можноста градинката да работи и втора смена во текот на неделата. Засега, интересот се зголемува за згрижување на децата секоја прва сабота, така што оваа сабота бројот беше 13 дечиња, а на почетокот имавме помалку од десет. Во Делчево интерес за да работи градинката и втора смена нема, истакна Симовска.

Слична е состојбата и во детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица. Овде оваа сабота биле згрижени 18 дечиња.

– Од септември согласно со препораките од МТСП ја даваме оваа можност дечињата да ги згрижуваме и секоја прва сабота. Прв пат оваа сабота имаве 18 дечиња, а почнавме со четири дечиња. Ние навреме се договараме со родителите за секоја работна сабота, така што сме подготвени и со персонал и со кујна за да одговориме за потребите на децата, рече Снежана Златевска директор на ОЈУГД „Бамби“ од Македонска Каменица.

Во градинката во Македонска Каменица згрижени се 160 дечиња.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина