Повреден пешак на патот Куманово – Скопје

Од:

Пешак се здобил со тешки телесни повреди по удар од автомобил синоќа на регионалниот пат Куманово-Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, несреќата се случила вчера околу 19:20 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје, кога патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б. (57) од село Орланци, општина Арачиново, удрило во пешакот П.К. (40) од село Умин Дол, кумановско.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Куманово, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски