Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено по влажни коловози. Сообраќајот се одвива без забрани и ограничувања, по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од државата. Слаби врнежи од снег се бележат само на повисоките планински места.
АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ ги потсетува сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.
АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.