Прв концерт на Филхармонијата од циклусот „Виртуози“ во 2013-та

Од:

Македонската филхармонија вечер ќе го изведе првиот концерт во 2013 година од циклусот „Виртуози“, на кој солист ќе биде јапонската виолинистка Акико Суванаи. Концертот ќе го води српскиот диригент Владимир Куленовиќ, кој живее и работи во САД.

Суванаи со Македонската филхармонија ќе го изведе епскиот Концерт за виолина и оркестар на Антонин Дворжак и првпат на македонска сцена „Романските фолклорни танци“ од Бела Барток во симфониска верзија. На програмата е и маестралната Симфонија бр. 1 на Јоханес Брамс, која се издвојува како едно од неговите најдраматични дела.

Филхармонијата информира дека Акико Суванаи со своето извонредно техничко мајсторство и впечатлива сценска појава и енергично музицирање е се уште најмладиот победник во историјата на меѓународниот натпревар „Чајковски“ во Москва.

Таа свири на виолина изработена од легендарниот италијански мајстор Антонио Страдивари. Наречена е „Делфин“ и претходно му припаѓала на Јаша Хајфец, кој е еден од најважните виолинисти на 20 век.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот