Ахмадинеџад: Наместо на нафта, ќе се потпреме на други ресурси

Од:

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави денеска дека Иран мора да стане независен од приходите од нафтата, со цел да се надминат западните санкции кои и штетат на економијата и ја блокираат трговијата со странство.

Ахмадинеџад, во своето обраќање пред парламентот, рече дека “непријателите” ги користат слабостите на иранската економија со цел да вршат притисок врз земјата.

– Треба да престанеме да се потпираме на доларите од нафтата во буџетот – рече тој, додавајќи дека наместо приходи од сурова нафта, во иднина ќе пристигнуваат пари од природните ресурси како што се рудниците и дрвото.

Претседавачот на Комитетот на иранскиот парламент за буџет Голам Реза Катеб изјави дека приходите на Иран од продажбата на сурова нафта и природен гас се намалени за 45 отсто.

Ахмадинеџад истакна и дека Иран мора додатно да ги намали владините субвенции во енергетскиот сектор, кои им овозможуваат на Иранците да плаќаат за гориво по речиси најниски цени во светот.

Парламентот се спротивстави на предлогот со образложение дека тоа ќе придонесе за зголемување на инфлацијата.

Продажбата на сурова нафта, која претставува 80 отсто од приходите во странски валути, е темел на иранската економија, но санкциите на западот околу спорната нуклеарна програма на Иран, во голема мера влијаат на таа клучна гранка на стопанството, што го ограничува ифункционирањето на банкарскиот систем.

Иранските власти го обвинуваат Западот дека води “економска војна”. Западните земји, од друга страна, вршат притисок врз Техеран, бидејќи стравуваат дека, под маската на цивилна нуклеарна програма, се обидува да произведе атомска бомба, што иранската влада го негира, инсистирајќи на тоа дека програмата е наменета исклучиво за мирновременски цели.

Иранскиот Врховен верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, порача дека санкциите нема да ја постигнат целта.

– Арогантниот фронт (САД и нејзините сојузници) вложи максимални напори, со санкции и притисоци, да ја принуди иранската држава да се предаде. Но, оваа земја ќе ги поднесе сите тешкотии, бидејќи ги препознава непријателските планови, тактики и стратегија – рече Хамнеи.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он