Хрватскиот министер за туризам Вељко Остојиќ најави дека Хрватска годинава очекува да заработи 9 милијарди евра од престојната туристичка сезона. Се надеваат дека ќе го повторат минатогодишниот рекорд, па дури и нешто повеќе.
Тој додаде според неофицијалните резултати, првите три месеци од оваа година, Хрватска постигна 9% повеќе доаѓања на туристи и 13% повеќе ноќевања во однос на истиот период минатата година.
Тој за ова разговарал и со словенечкиот министер за економски развој и технологија Радован Жерјав и изјави дека 6.6 милионi Словенци минатата година ноќевале во Хрватска, а 1.1 милион ја посетиле. После Германија, Хрватска им била една од омилените дестинации.
Тој ги повика истите и оваа година пак да дојдат.
„Ги повикувам сите наши пријатели во Словенија да се вратат во Хрватска, каде што се секогаш добредојдени”, рече Остојиќ.