„Сваровски“ ќе гради фабрика во Србија

Од:

Австриската компанија „Сваровски“ планира во јуни да почне да гради фабрики во Суботица, во која ќе вработи 550 работници, изјави денеска министерот за финансии и економија Млаѓан Динкиќ.

Динкиќ, по разговорот во Виена со извршниот потпретседател на компанијата „Сваровски“ Карл Вагнер и со директорот за стратешки развој за глобални операции Волфганг Вифлер го најави доаѓањето на овој познат светски бренд во Србија.

– Фабриката ќе биде изградена на 15.000 метри квадратни, ќе вработи 550 работници, рече Динкиќ.

Изградбата на фабриката ќе почне во јуни годинава, а градежните работи, како внесувањето опрема, ќе бидат завршени во вториот квартал на 2014 година.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија