Пронајден јапонски разурнувач користен во нападот на Перл Харбор

Од:

Разурнувачот „Исоказе“, кој бил употребен од јапонските сили во нападот на американската воена база Перл Харбор за време на Втората светска војна, е пронајден во близина на југоисточниот брег на Јапонија.

Од компанијата „Фукада“, која го пронајде бродот, наведуваат дека освен во нападот на Перл Харбор во 1941 година, тој учествувал и во битката кај Мидвеј една година подоцна.

„Исоказе“ е потопен на седми април 1945 година додека го прател легендарниот брод „Јамато“, кој пловел за Окинава како дел од одбраната на островот.

Разурнувачот „Исоказе“ е долг 111 и широк десет метри, а тежок околу 2.500 тони.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови