Градинката „Срничка“ во општина Аеродром доби прочистувачи на воздух

Од:

Градинката „Срничка“ денеска доби донација – прочистувачи на воздух од нафтената компанија „Лукоил Македонија“. Прочистувачите се наменети за занималните на објектот „Калинка“ во Стар Аеродром.

На примопредавањето на донацијата присуствуваа регионалниот управител на руската компанија „Лукоил Македонија“, Андреј М. Куку и градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин.

– Децата се нашата иднина и ние треба да се грижиме за нив. Ова е само еден почеток на нашата заедничка соработка и во иднина ќе имаме уште многу заеднички проекти, изјави Куку.

Градоначалникот Марин истакна дека прочистувачите се од исклучително значење за здравјето на дечињата, особено во зимскиот период од годината, кога загадувањето на воздухот достигнува високо ниво. Посочи дека во тек е тендер за набавка на 83 прочистувачи на воздух кои ќе се постават во сите простории во секоја градинка на територијата на општина Аеродром. Станува збор за интервентна мерка на општината во борбата со нечистиот воздух.

Општина Аеродром информира дека покрај краткорочните, активно работи и на изнаоѓање долгорочни мерки за решавање на проблемот со амбиенталниот воздух, во соработка со Град Скопје и останатите надлежни институции.

Би можело да ве интересира

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски