Во Кичево проект „Почитувај ја различноста“

Од:

Со цел да се подобри безбедноста на учениците во училиштата и да се намали бројот на кривични дела и нарушувања на јавниот ред и мир со елементи на насилство сторени од страна на ученици, отсекот за превенција при СВР Охрид и полициската станица од Кичево, денеска во Кичево го реализираа превентивниот проект „Почитувај ја различноста“.

Проектот се реализира во основното училиште „Санде Штериоски“ и нуди низа теми поврзани со насилството со посебен осврт на насилството на социјалните мрежи и причини за насилството меѓу учениците.

Проектот понуди низа пауер поинт презентации на теми по сопствен избор на учениците за надминување на стереотипите и предрасудите со можностите за градење меѓусебна доверба но и други актуелни теми по избор на учениците.

Учесници во проектот беа учениците од македонските, албанските и турските паралелки кои на крајот добија ранци со логото на проектот обезбедени од мисијата на ОБСЕ во земјава.

– Проектот треба да го поттикне учеството и соработката на вработените во училиштата, родителите и учениците во создавање на услови за безбедна средина и активно вклучување на сите во градење на безбедноста во училиштата. Основната идеја е да се интензивира и зајакне комуникацијата меѓу учениците но и да се унапреди соработката и партнерскиот однос на полицијата со училиштата и со локалната самоуправа, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка