Хашим Тачи отфрла автономија за Србите

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи ја отфрли денеска можноста за давање автономија на Србите на северот на Косово, во замена за поддршка на Белград Косово да добие место во ОН, јави Танјуг.

Неговите коментари уследија ден откако српскиот премиер Ивица Дачиќ навести дека Белград би можел да поддржи членство на Косово во ОН, доколку на Србите им биде дадено право на самоуправување.

Во интервју за западни медиуми, Тачи ја поздравил „промената на ставот“ на Белград, но наведе дека членството на Косово во ОН „не зависи од волјата“ на Белград.

Дачиќ и Тачи утре ќе се сретнат на нова рунда разговори во Бриел, со посредство на шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина