Градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски информира дека целосно се исчистени од снег патните правци кон селата Богомила, Нежилово и Ореше во општина Чашка, како и кон планинското село Папрадиште на надморска височина од 1100 метри.
– Воедно синоќа го расчистивме и асфалтниот пат кон селата Долно и Горно Јаболчиште. Направив увид на терен. Непрооден останува само патот кон село Крајници каде има клисура и лизгав пат, па затоа не сакавме да ризикуваме, но до вечер или до утре претпладне, планираме и патот кон ова село во општина Чашка да биде прооден, додаде градоначалникот Стојановски.