Според информации од Центарот за управување со кризи во Велес механизации ангажирани од општина Велес, општините Градско и Чашка од утринава работат на расчистување на повеќе непроодни со снег, патни правци во селата од поширокиот велешки регион.
Општина Велес од утрово вклучи тешка механизација за расчистување на непроодните патни правци кон велешките села Ветерско, Бузалково и Сливник.
Механизација на ЈП „Македонија пат“ од утринава работи на расчистување на патниот правец кон селото Дреново, а сега и на расчистување на патот кон село Црквино.
Според Влатко Добревски од ЦУК, сите патни правци во општина Чашка се проодни.
Како што информираат од ЦУК, во општина Чашка имало проблеми околу расчистување на непроодните со снег патни правци кон селата Богомила, Нежилово и Ореше, како и на патниот пат кон село Крајници.