Шилегов: За пет споменици се води судска постапка, донаторот не ги платил

Од:

За пет донирани споменици, меѓу кои и на Андон Ќосето, била поведена судска постапка затоа што Градот добил допис од фирмата која ги лиела дека спомениците не биле платени од здружението – донатор.

Ова денеска го истакна градоначалникот Петре Шилегов, одговарајќи на прашање дали здружението што го донирало споменикот на Ќосето се јавило да го подигне.

– Град Скопје доби допис од претпријатието „Рудници и железарница и институти“ што за потребите на здружението ги лиело спомениците што се донирани на Градот Скопје. Тие се неплатени кон нив и од нас е побрано известување каде се наоѓаат, заради потребите за судската постапка што ја водат за долг за неплатени споменици. Градот Скопје примил неплатена донација, рече Шилегов.

Градскиот татко не ја коментираше одлуката на Советот на ппштина Сопиште за поставување на споменикот на Ќосето во нивната општина. Едноставно, само рече, дека тие носат одлуки какви што сакаат.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција