Од наредната учебна година во деветолетките ќе се учи и на босански јазик

Од:

Од учебната 2018/2019 година се предвидува воведување на босанскиот јазик во редовната настава во основното деветгодишно образование, со што се воведува можност припадниците на бошљачката етничка заедница да учат на својот мајчин јазик.

За ова да може да се реализира, како што појасни владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Владата на вчерашната седница ја усвоила Информацијата за подготовка на образовниот систем.

– Во текот на наредниот период треба да се направат сите подготовки ова да се имплементира и од учебната 2018/19 планирано е босанскиот јазик да се воведе во редовната настава во основното деветгодишно образование, рече Бошњаковски.

Појасни дека МОН, односно Битрото за развој на образование за таа цел ќе направи измени во наставниот план. Ќе бидат изготвени, рече тој, и наставни програми во предметот босански јазик, но ќе се преведат постоечките наставни програми по предметите кои ќе се изучуваат во прво одделение.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование