(ВИДЕО) Мирчески: Сите заинтересирани ќе можат да го видат Мерцедесот на Груевски на 7-ми март

Од:

„Државата во моментов има уште 2 блиндирани возила кои се во употреба“, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Пеце Мирчески, на прашање на „Макфакс“ со што ќе се превезуваат понатаму странските делегации во земјава.

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, изјави дека сите странски делегации ќе бидат обезбедувани како и досега со највисоко ниво на безбедност. На денешната прес-конференција во Владата, беше објавено дека ќе се продава екстралуксузниот „мерцедес“, кој го нарачи поранешниот премиер Никола Груевски.

Станува збор за „мерцедес-бенз“, тип С 600, со година на производство 2012 и со поминати 80 илјади километри. Сите заинтересирани кои ќе сакаат да направат увид во состојбата на „мерцедесот“, тоа ќе можат да го направат на 7 март.

Почетната цена е 14 милиони и 372 илјади и 208 денари. Банкарската гаранција од 2% од проценетата вредност на возилото е 287 илјади и 444 денари.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски