Џафери: Дијалогот „Жан Моне“ ќе се одржи во Охрид

Од:

Процесот „Жан Моне“, кој првпат нема да се одржи во Париз, туку во Охрид, најверојатно, ќе биде од 15 до 17 март, потврди претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој на денешниот брифинг рече дека се чека потврда за присуство на еврокомесарот Јоханес Хан и други високи претставници на Европската комисија и други институции. Како алтернативен термин за одржување на дијалогот е мај.

Одлуката за дијалогот „Жан Моне“ да се одржи во Охрид била донесена на средбата на тројката европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Фленкештајн со Џафери и со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи што се одржа завчера.

Процесот „Жан Моне“ е механизам на Европскиот парламент, во кој се повикуваат лидерите на сите парламентарни партии во куќата на Жан Моне во близина на Париз и низ отворен и конструктивен разговор, без присуство на медиуми и камери, во директен и личен контакт се прави обид да се најде заеднички јазик за однапред договорени теми.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги