Владата го прифати Оперативниот план за мерки за вработување

Од:

Владата на Република Македонија на денешната редовна 56-та седница го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година. Со него посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години. Со оперативниот план ќе се создадат услови за создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица.

Со усвојување на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година, стартуваше имплементација на мерките од третиот столб од Планот за економски раст на Владата. Среднорочната програма е насочена кон постигнување на целите кои се дефинирани во Стратегијата за иновации на Република Македонија, Планот за економски раст на Владата на Република Македонија и Проектот за развој на вештини и иновации.

Министрите на денешната седница ја усвоија информацијата за можноста за понатамошно вклучување на Република Македонија во иницијативата „Програма за развој на зелени градови“. Целта на програмата е да се унапреди управувањето со активностите за зелен развој во градовите преку обезбедување инвестиции, поддршка за развој на политики и градење капацитети на национално и локално ниво. Програмата предвидува вклучување на девет држави кои се подобни за користење средства од Зелениот климатски фонд на Европската банка за обнова и развој, и тоа: Албанија, Ерменија, Македонија, Грузија, Јордан, Молдавија, Монголија, Србија и Тунис.

На предлог на Mинистерството за финансии Владата го усвои Предлог – законот за пријавување и евиденција на обврски кои ги имаат буџетските институции. Имено, досега не постоел унифициран механизам на евиденција и следење на обврските на субјектите кои располагаат со јавни средства. Новиот предлог – закон предвидува преку електронски систем да се евидентираат преземени, а неисполнети обврски на институциите, како и неплатените обврски. Законот ги опфаќа органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, установите и институциите кои вршат дејности од областа на културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита, како и во други дејности од јавен интерес.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски