Наставнички пленум: Образованието е партизирано бидејќи се чека 5 години за договор на неопределено време

Од:

„Деновиве СОНК презема активности за враќање на работа на колегите на коишто не им беа породолжени договорите на определено време. Жалиме за состојбата во која се најдоа колегите, но недостатокот е системски, трае подолго време, а СОНК беше главен учесник во неговото создавање. Станува збор за Член 46 од Законот за работните односи кој бара 5 години работа во исто училиште за трансформација на работниот однос од определено во неопределено време.

Најстарите колеги меѓу нас се сеќаваат на времето кога решение за работен однос на неопределено време добивале од првиот ден на работа, има такви кои трансформација на работниот однос од определено во неопределно направиле после 3 или 4 години, а веќе подолго време за таа трансформација потребни се 5 години.

Секој што чекал 5 и повеќе години за трансформација на работниот однос знае дека тие се пеколни 5 години на чекање, неизвесност и трчање по врски на сите страни. Тие 5 години го партизираа образованието, наставниците ги претворија во експерти за врски и главна маса на партиските митинзи. Од своето постоење СОНК никогаш не се побунил против тие пеколни 5 години.

Всушност доколку СОНК имаше искрени намери кон истите колеги зошто не презеде дејства тие да не дојдат во незавидна ситуација?

Наставниците од Наставничкиот Пленум го повикува МОН да го изземе образованието од членот 46 од ЗРО со што ќе покаже вистинска волја за департизација на образованието.

Ги повикуваме наставниците да покажат дека не потпаѓаат под евтината глума на синдикализам на СОНК“ се вели во соопштението на група членови на Наставничкиот пленум.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование